print-logo2
A+ A-

Евангелието на Исус | Gospel in Macedonian

pdf

Порака од евангелието

–  Ве молиме прочитајте го следново:

Битие 1:1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.
Римјаните 3:23 зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава,
Јован 8:34 Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам, дека секој кој прави грев, роб му е на гревот.

Господ не создаде нас меѓутоа ние не го знаеме Него и сме поделени од Него поради нашата грешна природа. Нашите животи без Господ немаат значење и немаат цел. Последицата (цената која што треба да се плати) за нашите гревови е смртта, душевна и телесна. Душевна смрт значи да се биде одделен од Господ. Телесната смрт е распадот на телото. Ако умреме со нашите гревови засекогаш ќе бидеме одалечени од Господ и ќе завршиме во пеколот. Како можеме да се спасиме од нашите гревови и да се вратиме кај Господ? Неможеме да се спасиме бидејќи е невозможно за грешник да се спаси (исто како што самиот давеник не може да се спаси). Ниту па останатите можат да не спасат бидејќи сите сме грешници (еден давеник неможе да спаси друг давеник и на двајцата им е потребна помош). Ни треба некој без гревови (кој што не се дави) да не спаси од нашите гревови. Само безгрешен човек може да не спаси. Како да се најде безгрешен човек во грешен свет каде што сите имаат гревови?

Римјаните 6:23 зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.
Јован 3:16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
Матеј 1:23  ”Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!”
Јован 8:23 Им рече уште: „Вие сте од долу, Јас Сум одозгора; вие сте од светов, Јас не Сум од светов.
Марко 1:11 И се чу глас од небото: „Ти си Мојот возљубен Син; во Кого Ми е милината!”
Јован 8:36 И така, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.
Јован 3:3 Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.”
Јован 1:12 А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име:

Господ, кој што не создаде, и кој што не сака нас неизмерно, ни го има дадено решението. Од преголемата љубов негова кон нас тој ни го испрати неговиот син, Исус, да умре за нашите гревови. Исус е безгрешен затоа што он не од овој свет, и додека беше на земјата, го победи искушението на ѓаволот да греши. Неговиот живот го задоволи Господ на небото. Исус ги зема нашите гревови и умре на крстот поради нашите гревови. Тој е спасителот на нашите животи (Исус може да не спаси бидејќи тој не се давеше). Целта на смртта на Исус на крстот е да плати за нашите гревови и со тоа да ги отстрани нашите гревови и да ја возобнови нашата врска со Господ. Се враќаме во живот од духовна смрт (оделување од Господ) преку моќта на Господ. Ова нова врска се нарекува повторно раѓање. Со ова се враќаме на целта на создавањето и на постоењето, и ни дава вистинска цел и значење на нашите животи.

Јован 11:25 Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене – и да умре – ќе живее.
Римјаните 6:9 зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.
Дела 2:24 но Бог Го ослободи од смртните болки и Го подигна, зашто не беше можно смртта да Го задржи.
Римјаните 14:9 зашто Христос затоа умре и оживе, – за да господари и над мртвите и над живите.
Дела 1:11 и им рекоа: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.”

Кој е доказот дека жртвувањето на Исус за нашите гревови е прифатено од Господ на небото? Воскреснувањето на Исус од смртта од страна на Господ. Со воскреснувањето е докажано дека Исус може да ја совлада смртта (или со други зборови, смртта нема моќ над него). Сега, значи, штом Исус живее, и ние истотака можеме да живееме. Неговиот живот во нас ни дава живот. Истотака, бидејќи воскреснал, Тој е жив денеска.

Јован 5:24 Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.
Јован 10:9 Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште.
Јован 14:6 Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.
Јован 8:24 Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови; зашто ако не поверувате дека Сум Јас, ќе умрете во своите гревови.”
Дела 4:12 Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.”
Римјаните 10:13 зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”
Римјаните 10:11 зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.”
Римјаните 2:11 Зашто Бог не гледа на лице.
Римјаните 3:22 и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика;
Римјаните 10:9 Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.

Како се отсранети нашите гревови, и како ние живееме? Со тоа што веруваме во Исус и во неговата улога како наш господар и спасител. Ако се покаеме за нашите гревови и го повикаме Исус да ни прости, Тој тоа ќе го стори. Исус е сиот на Господ кој што дојде на светот за да умре за нас и за нашите гревови. Секој човек на светот кој што ќе му ја даде довербата на него ќе добие простување од Господ, ќе биде спасен од неговите гревови (и од пеколот) и ќе добие нов живот од Господ. Господ не е пристрастен. Тој не е засегнат од тоа во која земја живееме, кој јазик го зборуваме, дали сме богати или сиромаси, машки или женски, млади или стари, или какви и да други физички атрибути. Секој кој што верува во Исус ќе биде спасен. Следново е молитва со која што ќе можете да се молите доколку одлучите да го следите Исус:

Господе од небото, ти благодарам што го прати твојот единствен син, Исус, да умре за моите гревови и за тоа јас да бидам спасен и да имам нов живот од небото. Се каам поради моите гревови и барам простување за моите гревови. Јас верувам во Исус и го примам Исус како мој господар и спасител. Помогни ми и насочи ме да живеам живот според твоите правила во овој нов живот кој што ти ми го поклони.Амин

Ако сте ја кажале оваа молитва, побарајте од Господ да ви каже за некоја црква во која што можете да одите. Зборувајте со Господ во вашите молитви често и Господ ќе ви одговори на вашите прашања. Слушајте го гласот на Господ. Господ ќе ве насочи. Тој ве сака и ќе се погрижи за вас. Можете да верувате во Него. Никогаш нема да ги остави оние кои што веруваат во него. Господ е добар Господ. Може да му се верува. Можете да му верувате со вашиот живот. Дојдете со вашите потреби пред него. Тој се грижи за вас и ќе ве благослови. Господ рече ‘Јас нема никогаш да ве оставам ниту да се одрекнам од вас ’. Верувајте во Господ. Бидете благословени преку Исус.

Читајте ја библијата редовно, почнувајќи од книгата на Јован. За повеќе интернет ресурси, кликнете тука.